• среда, 03 јули 2024

Тетекс почна со подготовки со двајца нови играчи

Тетекс почна со подготовки со двајца нови играчи

Тетово, 11 јануари 2022 (МИА) - Тетекс од вчера ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната 2021/22 во Втора македонска фудбалска лига – Запад.

Засега официјално тимот се засили со Стефан Богдановски од ФК Кадино, Владимир Жоглев од ФК Беса и голманот Бојан Тимевски кој се враќа од ФК Локомотива Градско. Во тимот се враќа Христијан Стојановски кој беше повреден.

- Подготовките се во Тетово до крај на јануари, со тренинзи како и пријателски натпревари. Во почетокот на февруари одиме на осум дена подготовки во Охрид со четири пријателски натпревари. Очекуваме уште неколку фудбалери да се приклучат на екипата, изјави шефот на на стручниот штаб Славчо Георгиевски.

Од фудбалерите кои настапуваа во есенскиот дел  од ФК Тетекс си заминаа: Димитар Иванов, Хусеин Демири, Ринор и Рилинд Ајдини, Андреј Јаневски, Михаил Алексов, Сенад Ислами, Арменд Адеми и Руфат Чилафи. зс/

Остани поврзан