Доминација на Норевежаните на СП во крос-кантри класично на 10 километри
- Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клебо е победник на денешната трка 10 км крос кантри интервален старт класичен стил на Светското првенство во Трондхајм.
Трондхајм, 4 март 2025 (МИА) – Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клебо е победник на денешната трка 10 км крос кантри интервален старт класичен стил на Светското првенство во Трондхајм.
Домашниот натпреварувач победи со време 28 минути 16 секудни и 6 десетинки.
За Клебо ова е 12-то злато на Мундијалите во крос-кантри.
Второто место и сребрениот медал му припадна на Ерик Валнес со заостанување од 8,8 секунди.
Бронзениот медал го обезбеди Харалд Естберг Амундсен со време 28:27.6, односно 11 секунди побавно време од победникот. зс/
Фото: ЕПА