• недела, 22 декември 2024

Термини за изнесување на кучињата миленичиња за време на забраната за движење

Термини за изнесување на кучињата миленичиња за време на забраната за движење
Скопје, 6 април 2020 (МИА) - Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април. Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница,  на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот. Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот - наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот. Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат. Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020,  полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро. Повозрасните од 67 години од задутре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 во работни денови, а на младите до 18 години дозволено ќе им биде надвор од дома да бидат само од 13 до 15 часот. хс/лв/  

Остани поврзан