• петок, 05 декември 2025

Теристичко прскање против комарци во Македонска Каменица

Теристичко прскање против комарци во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26 јуни 2025 – Општина Македонска Каменица информира дека во сабота, на 28 јуни 2025, во доцните вечерни часови ќе се спроведе терастрично прскање против комарци на површина од 200 хектари.

Третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки инсектицид одобрен од Бирото за лекови, наменет за уништување на возрасни единки комарци.

-Прскањето ќе опфати целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава на заразни болести, информираа од Општината.

Од општината апелираат до пчеларите навреме да преземат заштитни мерки поради можната чувствителност на пчелите на применетите хемикалии.

Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен и реализиран во првиот следен погоден ден.

Во соопштението на Општина Македонска Каменица потенцираат дека Општината дека останува посветена на здравјето и безбедноста на своите граѓани. вс/aa/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан