• петок, 05 декември 2025

Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Градот Скопје ги информира граѓаните дека од деенска започнува терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, насочена кон уништување на возрасни форми и ларви од комарци. Акцијата ќе се спроведува во ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот, и ќе трае до четврток, 24 јули.

Во случај на неповолни временски услови активностите ќе бидат одложени и ќе се реализираат во првиот нареден ден со соодветни временски услови.

Градските власти апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите во периодот на дезинсекцијата.ар/са/

Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан