Теренска кампања на АПРЗ за запознавање со мерките од програмите за поддршка на земјоделците
- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството - АПРЗ со седиште во Битола, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа теренска кампања за информирање на земјоделските производители за можностите за искористување на мерките од програмите за поддршка.
Битола, 28 март 2023 (МИА) - Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството - АПРЗ со седиште во Битола, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа теренска кампања за информирање на земјоделските производители за можностите за искористување на мерките од програмите за поддршка.
Од АПРЗ информираат дека кампањата се одржа со претходно изработен акционен план од Агенцијата, со детални оперативни планови за теренската посета со која беа опфатени околу 460 населени места во сите општини во државата.
-Со оваа информативна кампања поголем број на производители беа запознаени со мерките од програмите за поддршка, подобноста и критериумите за користење на оваа поддршка. Реализацијата на предвидените активности во акциониот план што ги презеде АПРЗ беа насочени кон организирање на индивидуални и групни средби со претставници од земјоделските стопанства во руралните средини, промоција и презентации за мерките од програмите, промоција и информирање преку национални и локални медиуми за мерките од програмите на МЗШВ за 2023 година, идентификација на земјоделци кои ги исполнуваат условите за користење на мерките од програмите преку користење на податоците од ФАДН системот, како и континуирано информирање на сите заинтересирани со објавување на програмите и јавните повици.
На земјоделците АПРЗ им пружа и помош на земјоделците при пополнување на барањата за мерките од програмите во 2023 година.
Во наредниот период кампањата ќе продолжи со консеквентно информирање и промоција на програмите, како и појаснување на критериумите и директна поддршка во поднесување на барања при објавен јавен повик, посочуваат од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола. мт/хс/
Фото: АПРЗ