• четврток, 18 јули 2024

Теодорикакос: Зајакнувањето на регионалната соработка е клучно за справување со безбедносните предизвици

Теодорикакос: Зајакнувањето на регионалната соработка е клучно за справување со безбедносните предизвици
Атина, 4 мај 2022 (МИА) - Зајакнувањето на регионалната соработка во поширокиот регион на Југосточна Европа и Балканот е одлучувачко за заедничко справување со големите безбедносни предизвици, порача министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос на почетокот на состанокот на Процесот за соработка во ЈИ Европа (ПСЈИЕ), јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот во Атина присуствува и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски како и министри од регионот, а Теодорикакос се осврна на приоритетите на грчкото претседаелство со ПСЈИЕ и уште еднаш ја повтори поддршката на Атина за европската перспектива на Западен Балкан. -Дозволете ми да ја повторам нашата цврста позиција и придонесот на Атина во промоција на европската перспектива на регионот. Нашата основна цел е унапредување на регионалната соработка во сите области, како преку регионалните организации, така и преку различните форми на соработка. Регионалната соработка претставува најефикасно средство за општествено-економски развој и стабилност, безбедност и добрососедство, рече министерот за цивилна заштита на Грција и додаде дека бебзедноста на државите и граѓаните е клучен предуслов за одржлив економски развој. Истакна дека основен приоритет на грчкото претседателство се безбедносните прашања и зајакнување на соработката за справување со сите видови на закани во регионот: нелегална миграција, организиран криминал, трговија со луѓе, трговија на дрога и оружје, хулиганство и кибер напади. За трговијата со луѓе, особено по ситуацијата во Украина, Теодорикакос рече дека потребни се иницијативи и предложи одржување на работилница, веќе во следните седмици, со учество на надлежните органи од регионот „со цел подобро справување со трговијата со луѓе (trafficking) со акцетот на жените и децата“. На крајот од обраќањето, грчкиот министер посочи дека „градењето регионална средина на безбедност и стабилност ќе придонесе во напредокот и економската интеграција на регионот, цели кои остануваат сратешки за Атина“. ср/      

Остани поврзан