• среда, 17 јули 2024

Тен Хаг: Касемиро би можел да стане лидер во Манчестер јунајтед

Тен Хаг: Касемиро би можел да стане лидер во Манчестер јунајтед
Манчестер, 24 август 2022 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го сподели своето мислење за трансферот на Касемиро од Реал Мадрид. - Тој ќе стане еден од играчите со лидерски квалитети. Касемиро ја знае играта и знае како да победува. Има освоено многу трофеи во текот на кариерата, па затоа е важно да имаме таков играч во тимот. Веќе имаме играчи со таков менталитет во личноста на Роналдо и Варан, изјави Холанѓанецот за „BBC Sports“. Касемиро од Реал Мадрид се пресели во Манчестер јунајтед за сума од 70,65 милиони евра. Договорот со „црвените ѓаволи“ е до јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една година. Со Реал Мадрид, Бразилецот освои 18 трофеи. зс/

Остани поврзан