• понеделник, 29 април 2024

Тен Хаг за Мегваер: Многу сме среќни што е во Манчестер јунајтед, ни треба за да ги постигнеме нашите цели

Тен Хаг за Мегваер: Многу сме среќни што е во Манчестер јунајтед, ни треба за да ги постигнеме нашите цели

Манчестер, 13 април 2024 (МИА) – Тренерот Ерик тен Хаг зборуваше за важноста на Хари Мегваер за Манчестер јунајтед.

- Отсекогаш сме биле многу среќни со Хари. Тој е одличен лидер, многу добар одбранбен играч. Во исто време имаме проблеми во одбраната, а во вакви ситуации неговата улога е уште поважна - да биде лидер во одбраната и да помогне преку кратко додавање да се извлече топката. Многу ни е драго што го имаме. Ни треба тој да постигне резултати и да ги оствариме нашите цели, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед вечер од 18:30 часот гостува кај Борнмут во натпревар од 33. коло на англиската Премиер лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан