• петок, 03 мај 2024

Тен Хаг: Арсенал е заслужено во водство, но зависи од нас дали ќе ги запреме

Тен Хаг: Арсенал е заслужено во водство, но зависи од нас дали ќе ги запреме

Манчестер, 20 јануари 2023 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сподели своите размислувања пред големото дерби со Арсенал во англиската Премиер лига.

- Арсенал го заслужи своето сегашно место во поредокот. Имаат добра структура на игра, победнички менталитет и правилен став во тимот. Ова им овозможува да бидат на врвот во лигата. Кога претходно се сретнавме со нив, веќе беше јасно дека нивниот тренерски стил функционира. Тие станаа уште подобри во првиот дел од сезоната. Нивниот тимски дух е многу добар. Сега овој тим е на потег. Но, само од нас самите зависи дали можеме да ги спречиме. И ние ќе дадеме се од себе за ова. Знаеме што треба да направиме. Треба да прикажеме добра игра. Ако можеме да го направиме тоа, тогаш има шанси да дојдеме до добар резултат, изјави Тен Хаг.

Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 47 бодови од 18 натпревари, додека Јунајтед има 39 бода од 19 натпревари.

Натпреварот ќе се игра в недела во Лондон со почеток во 17:30 часот. зс/

Остани поврзан