• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор на Ердоган со емирот на Катар

Телефонски разговор на Ердоган со емирот на Катар

Анкара, 15 април 2024 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Тани за повеќе регионални теми, вклучително и за ситуацијата во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган и Ал Тани разговарале за односите меѓу Турција и Катар, глобалните и регионалните прашања, нападите на Израел врз Газа и хуманитарната криза во палестинската енклава.

Ердоган рекол дека исламскиот свет треба да ги зголеми своите напори во единство за да ги запре бруталните напади на Израел и да го казни за злосторства против човештвото.

Ердоган изјавил дека е од витално значење да се ограничи Израел што е можно поскоро и да се дејствува со здрав разум за да се спречи ширење на тензиите во регионот.

Ердоган и катарскиот емир Ал Тани размениле и честитки по повод Рамазан Бајрам, пренесе Анадолија. јт/

Фото: Анадолија архива

Остани поврзан