• четврток, 04 декември 2025

Телефонски разговор на грчкиот со египетскиот министер за надворешни работи во пресрет на нивната средба в среда во Атина

Телефонски разговор на грчкиот со египетскиот министер за надворешни работи во пресрет на нивната средба в среда во Атина

Атина, 4 август 2025 (МИА) – Темите што ќе се најдат на агендата на средбата в среда во Атина, биле во фокусот на телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Египет Јоргос Герапетритис и Бадр Абделати, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР преку Икс информираа дека телефонскиот разговор бил во рамките на нивните редовни контакти.

- Во пресрет на нивниот претстоен состанок во Атина на 6 август, двајцата министри разговараа за агендата, која ќе ги опфати билатералните односи, различни регионални теми, ситуацијата во Газа и на Блискиот Исток, случувањата во Источниот Медитеран, вклучително и Либија и прашањето за манастирот Света Катерина на Синај, информираа од грчкото МНР. ср/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан