„Телеграф“: Белата куќа очекува договор со Велика Британија во рок од три недели
- Официјални претставници на Белата куќа веруваат дека трговскиот договор со Велика Британија може да биде постигнат во рок од три недели, објави британскиот весник „Телеграф“.

Лондон, 17 април 2025 (МИА) - Официјални претставници на Белата куќа веруваат дека трговскиот договор со Велика Британија може да биде постигнат во рок од три недели, објави британскиот весник „Телеграф“.
Извор запознаен со ситуацијата рече дека Лондон има добра позиција за брзо склучување договор.
Ова доаѓа еден ден откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предвиде дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе постигне „одличен“ трговски договор со Велика Британија поради неговата „културна блискост“ со таа земја.
На Велика Британија и беа воведени царини од 10 отсто за речиси сите стоки увезени во САД по потегот на Трамп за ресетирање на глобалната трговија. рп/
Фото: МИА архива