• четврток, 21 ноември 2024

Тедрос: Охрабрува намалениот број заразени, но не е време за олеснување на мерките

Тедрос: Охрабрува намалениот број заразени, но не е време за олеснување на мерките
Женева, 12 февруари 2021 (МИА)  - Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека падот на бројот на заразени со коронавирусот ширум светот е охрабрувачки, но предупреди дека не е време да се олеснат ограничувачките мерки. Тој додаде дека бројот на пријавени случаи на инфекција на глобално ниво се намалува веќе четири недели, а бројот на смртни случаи - две недели. - Се чини дека овој пад се должи на земјите што ги засилуваат мерките за јавно здравје. Сето ова треба да не охрабри, но задоволството е исто толку опасно како и самиот вирус, изјави Гебрејесус. Тој додаде дека сега не е време ниту една земја да ги олесни мерките или која било индивидуа да се опушти. - Секој живот што е изгубен сега е уште потрагичен затоа што почна вакцинацијата, нагласи шефот на СЗО. Регистрирани се 108 милиони случаи на зараза со коронавирус во светот, 2,3 милиони луѓе починале како резултат на Ковид-19. зш/

Остани поврзан