• среда, 26 јуни 2024

Тевез почнува тренерска кариера во Аргентина

Тевез почнува тренерска кариера во Аргентина
Буенос Аирес, 21 јуни 2022 (МИА) – Поранешниот аргентински репрезентативен напаѓач Карлос Тевез (38) започнува своја тренерска кариера како прв човек на клупата на локалниот премиерлигаш Росарио Централ. Двете страни, како што јавија денеска аргентинските медиуми, потпишале договор на една година. Тевез ја заврши кариерата како фудбалер минатата година во дресот на Бока Јуниорс, клубот во кој зачекори во професионалниот фудбал, настапувајќи и за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус и Шангај Шеншу. ег/паг/

Остани поврзан