• вторник, 24 декември 2024

Театарот од Плевен со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“

Театарот од Плевен со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“
Битола, 30 јуни 2022 (МИА) - Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Плевен, вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер. -Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. Ова е текст што секој режисер сака да го постави. Па, ајде да се обидеме … Всушност, идејата и гласините за претставата не соодветствуваат со драмата. Приказна која многу не потсетува на сликата во огледалото рано наутро. Сенка од нас самите од која можеме да излеземе само кога ќе и свртиме грб или кога сонцето ќе ни го сврти грбот. Колку пати сме слушнале за ремек-делото на Шекспир, „Хамлет“? Колку пати сме го прочитале? Колку пати сме го гледале и колку толкувања поминале пред нашите очи?, предизвикува режисерот Торосјан во пресрет на вечерашното гостување во Битола. Во „Хамлет“ настапуваат бугарските актери Антони Пенев, Лубо Неиков, Генадиј Николов, Ива Николова, Адријан Филипов, Асен Данков, Васил Витанов, Ленко Гурков, Сергеј Константинов, Ованес Торосјан, Георги Ангелов, Валентин Василев, Маријан Стефанов, Михаил Михаилов, Иван-Алекс, Иван-Алекс Ерменкова, Мариета Калупова, Петјо Крастев, Георги Енчев и Александар Канев. Осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под мототот „Мислата е слободна“, а годинава освен актери од Бугарија, учествуваа и уметници од Италија, Црна Гора, Полска, Албанија и домаќинот и организатор на фестивалот НУ Народен театар-Битола. мт/ев/

Остани поврзан