• недела, 22 декември 2024

Твитер ќе идентификува ботови

Твитер ќе идентификува ботови
Сан Франциско, 10 септември 2021 (МИА) -  Твитер сака да го реши „проблемот“ со ботовите на својата мрежа, па затоа ќе ги обележува во иднина. Твитер тестира нова опција, па отсега ботовите ќе бидат означени и луѓето полесно ќе ги идентификуваат тие налози. Отсега, ботовите ќе бидат означени со „Automated“ на профилот, а дополнително, ќе се пишува кој е задолжен за профилот на ботот. На тој начин, корисниците ќе знаат за што станува збор и со кого комуницираат. Сите „девелопери“ ќе добијат ознака на нивните бот профили до крајот на годината. ссм/

Остани поврзан