• четврток, 26 март 2026

Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

Ханој, 25 август 2025 (МИА) – Тајфунот Каџики денеска го погоди северно-централниот брег на Виетнам поради што се евакуирани околу 30.000 луѓе.

Каџики утрово го погоди брегот на провинциите Нге Ан и Ха Тин, соборувајќи дрвја, поплавувајќи ги домовите и патиштата и уништувајќи ги рибарските фарми. Во Ха Тин во прекин е напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се аеродромите во провинциите Тан Хоа и Кванг Бин.

Ветерот достигна брзина од 118 до 133 километри на час, што предизвика високи бранови до две метра.

Тајфунот вчера го погоди јужниот брег на кинескиот остров Хајнан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан