• четврток, 26 март 2026

Тајрик Џонс ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос

Тајрик Џонс ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос

Атина, 5 јануари 2026 (МИА) - Трансферот на Тајрик Џонс од Партизан Белград во Олимпијакос е комплетиран.

Грчкиот клуб се согласи да плати обештетување, а американскиот центар го напушта српскиот тим.

По тешкиот период во Србија, каде што Џонс се соочи со критики од некои навивачи, неколку европски клубови, вклучувајќи го и Макаби Тел-Авив, изразија интерес за него. 

Сепак, Олимпијакос беше најподготвен да ги исполни финансиските барања на Партизан, што го запечати договорот.

Во меѓувреме, Партизан Белград веќе најде замена за центарот што заминува. Српскиот клуб има намера да го потпише Тони Џеќири, кој неодамна ја напушти ЦСКА Москва. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан