• четврток, 21 ноември 2024

Тајна база на Револуционерната гарда на Иран оштетена во израелски напад

Тајна база на Револуционерната гарда на Иран оштетена во израелски напад

Дубаи, 29 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот напад врз Иран најверојатно ја оштетил базата на паравоената иранска Револуционерна гарда која произведува балистички ракети и лансира ракети за вселенската програма, јавуваат странските агенции.

Како што е наведено, оштетувањето на базата Сахруд покренува нови прашања во врска со израелскиот напад во саботата, особено затоа што тој беше насочен кон област што претходно не беше спомната од Техеран, а која ја вклучува Револуционерната гарда, моќна сила во Иран.

Иранската Револуционерна гарда засега не коментира за можната штета претрпена во израелскиот напад.

Иран само ги потврди израелските напади во провинциите Илам, Кузестан и Техеран, а не и во руралната провинција Семнан каде што се наоѓа базата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан