Тајлер Хиро победи во натпреварот за шутирање три поени на НБА Ол-стар викендот
- На Ол-Стар викендот во Сан Франциско сите очи беа вперени во Демијан Лилард, откако се очекуваше рутински да триумфира во натпреварувањето за шутирање три поени, но првотимецот на Милвоки Бакс ги разочара сите негови фанови и не успеа ниту да го помине првото коло.

Сан Франциско 16 февруари 2025 (МИА) - На Ол-Стар викендот во Сан Франциско сите очи беа вперени во Демијан Лилард, откако се очекуваше рутински да триумфира во натпреварувањето за шутирање три поени, но првотимецот на Милвоки Бакс ги разочара сите негови фанови и не успеа ниту да го помине првото коло.
Тајлер Хиро од Мајами Хит го искористи ваквиот развој на настаните од позадина и ја освои титулата во оваа категорија на Ол-стар викендот во Сан Франциско.
Навивачите баш и не уживаа во оваа дисциплина и општ впечаток е дека ова беше едно од најслабите натпреварувања во последните многу години.
Победникот од ова натпреварување се пласираше во финалето со повеќе од скромни 19 поени, додека Бадл Хилд имаше 31, Дариус Гарланд 24 поени, а главниот фаворит Лилард само 18.
Во големото финале ситуацијата значително се промени. Хилд и Гарланд собраа 23 поени, а Хиро, кој како финалист со најслаб учинок во воведното коло стрелаше прв, имаше еден поен повеќе од нив двајца и успеа да триумфира од сенка во оваа категорија на Ол-стар викендот. дс
Фото: Принтскрин