• недела, 22 декември 2024

Тајван очекува силниот тајфун Кун Реи утре да падне на копно

Тајван очекува силниот тајфун Кун Реи утре да падне на копно

Тајпеј, 30 октомври 2024 (МИА) - Тајван очекува силниот тајфун Кун Реи да падне на копно и издаде предупредување за тревога пред бурата, која ќе донесе обилни дождови и силни ветрови на поголемиот дел од островот.

Се прогнозира дека тајфунот ќе биде од категорија 4 кога ќе падне утре наутро. Прво ќе го погоди ретко населениот и планински источен брег на Тајван во округот Таитунг. Потоа ќе помине низ јужниот дел на Тајван, ќе влезе во Тајванскиот теснец и ќе се упати кон Кина, соопшти Централната метеоролошка управа на островот.

Најобилните дождови ќе паѓаат долж источниот брег на Тајван и на север околу главниот град Тајпеј во текот на денот, додаде администрацијата.

Суптропскиот Тајван често е погоден од тајфуни. Последниот од нив, тајфунот Кратон, уби четири лица претходно овој месец кога мина низ јужниот дел на островот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан