• недела, 22 декември 2024

Тачи: Не е време за уцени

Тачи: Не е време за уцени
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на ДПА Мендух Тачи пред лидерската средба во Собранието изјави дека со добар дијалог треба да се постигне договор за уставните измени и дека нема друг пат да се деблокира интеграцискиот процес. За тоа дали и тие имаат услови како другите партии на Албанците, Тачи рече дека тргањето на 20 проценти од Уставот е нивен предлог, но оти исто така сега не е време за уцени. -Јас секогаш викам дека сум полош од сите, не ме ставајте во такви формулации. Јас не знам кои се тие останати политички партии на Албанците. Ако мислите дека тоа е БЕСА, за мене тие се се уште дел од коалицијата со СДСМ. Да, тоа е нашиот предлог. Многу е лошо кога книгата вие ја пишувате ќе ја предава некој друг на универзитет. Тоа е крадење платформа, крадење на една идеја. Мислам дека е време да се разговара веќе јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава, рече Тачи, додавајќи дека сепак сега не е време за услови и за уцени. Според него, „не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграцискиот процес“ и дали се тие многу или малку за него не е толку важно. -Јас разговарав со господинот Ахемти за оваа тема, ќе продолжиме да разговараме, но ние немаме никаков услов. И тоа треба многу јасно да се кажува. После ќе раговараме исто како што разговаравме со господинот Ахмети и со нашиот коалиционен партнер и со македонската опозиција. Имаме јаки аргументи, но не е моментот да се воспоставуват услови или рокови. Ова е многу поголем процес од оваа другото, рече лидерот на ДПА Тачи. мс/ев/

Остани поврзан