Татко на фудбалер на Мајорка ги спореди саудиските навивачи со животни
- Кике Дардер, таткото на играчот од средниот ред на Мајорка, Серџи Дардер, ги критикуваше навивачите во Саудиска Арабија.
Мадрид, 13 јануари 2025 (МИА) - Кике Дардер, таткото на играчот од средниот ред на Мајорка, Серџи Дардер, ги критикуваше навивачите во Саудиска Арабија.
Мајорка на 9 јануари загуби од Реал Мадрид (0:3) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. Средбата се одржа на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија.
По натпреварот, претставниците на клубот и навивачите на Мајорка ги обвинија саудиските навивачи за малтретирање.
- Тоа беше опсада на неразумни животни кои ги допираа нашите жени, постојано ги снимаа, фотографираа и им се потсмеваа, а подоцна бараат почит. Лично, не се плашев, но никогаш не се знае што може да се случи. Жените беа навистина исплашени. Останавме без заштита 15 или 20 минути. Немаше обезбедување. Тоа беше од излезот на секторот на стадионот до автобусот. Не знам како да објаснам, но тоа беше многу непријатно искуство. Доаѓањето до автобусот беше спас, бидејќи не се гледаше крајот, опсадата беше постојана. Видов како нецивилизирани луѓе, неразумни животни ни се потсмеваат. Беше надреално. Никогаш не сум доживеал такво нешто, изјави Дардер Сениор.
Шпанскиот Суперкуп изминатите пет дена се играше во Саудиска Арабија и го освои Барселона. зс/
Фото: ЕПА