• понеделник, 25 ноември 2024

Татко и син повредени од огнено оружје на свадба во Охрид

Татко и син повредени од огнено оружје на свадба во Охрид

Скопје, 7 август 2023 (МИА) - Татко и неговиот мамолетен син се поврдени по пукање од огнено оружје на свадбена веселба вчера во Охрид.

СВР Охрид соопшти дека вчера во 13 часот е пријавено дека на свадбеа во двор на улицата „Петрино“, охриѓанецот К.Б.(60), кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и  дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.аб/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан