• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ТАСС: ОН усвои антируска резолуција

ТАСС: ОН усвои антируска резолуција

Москва, 24 февруари 2025 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која остро се осудуваат руските воени акции во Украина. Документот, предложен од европски земји со поддршка на Киев, беше изгласан со 93 гласа „за“, 18 „против“ и 65 „воздржани“.

Меѓу земјите што гласаа против беа Русија, Белорусија, Северна Кореја, но и Србија, која одлучи да ја поддржи резолуцијата. Поддршка дадоа и повеќето членки на ЕУ, како и Хрватска, Египет и други.

Во резолуцијата се повикува на деескалација на конфликтот и се нагласува неопходноста од почитување на територијалниот интегритет на Украина.

Меѓутоа, руската новинска агенција ТАСС ја нарече оваа резолуција „антируска“, наведувајќи дека документот „традиционално ги занемарува корените на конфликтот“.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека предложената „неутрална резолуција“ од САД е „чекор во вистинската насока“, бидејќи би можела да создаде простор за дијалог, иако не содржи директни осуди за Москва.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан