• петок, 22 ноември 2024

Тасевска: Исплатени 24,3 милиони евра бескаматни кредити на над 2.100 субјекти со над 16.000 вработени

Тасевска: Исплатени 24,3 милиони евра бескаматни кредити на над 2.100 субјекти со над 16.000 вработени
Скопје, 8 март 2021 -  Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места. Тече реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Според јавно објавените податоци од развојната банка, досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра. Во овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени. Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии. Ова, почитувани е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајкнување на ликвидноста и зголемување на својата конкурентност во време на санирање на последиците од коронакризата. Бескматаната линја „Ковид 3“ продолжува се до исцрпување на  расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра. СДСМ како партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството, продолжува да реализира мерки и политики кои ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст. Остануваме посветени на градење, силна и стабилна економија кој носи шанса за сите. Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ _______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки https://youtu.be/ZmqwoNzkj4U

Остани поврзан