• недела, 06 октомври 2024

Таравари се сретна со францускиот амбасадор Баумгартнер

Таравари се сретна со францускиот амбасадор Баумгартнер

Тетово, 28 октомври 2022 (МИА) - Амбасадорот на Франција Сирил Бoмгартнер, денеска во централното седиште на на Алијанса за Албанците (АА) се сретна и разговораше со партискиот претседател Арбен Таравари.

Како што информираа од АА, по средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, како и за заедничките предизвици во планот за евроатлантската интеграција.

-Алијанса за Албанците е целосно посветена и дава поддршка за сите досегашни иницијативи поврзани со интеграциите. Алијансата за Албанците ќе го продолжи овој пат во интерес на државата и нејзините граѓани. Пред амбасадорот на Франција ги образложив плановите и стратегијата на АА за иднината, барајќи и помош од амбасадата и експертите, изјави Таравари на заедничката прес-конференција.

Амбасадорот на Франција Сирил Бoмгартнер рече дека се чувствува почестен што е првиот амбасадор којшто  ги посетил новите централни канцеларии на Алијанса за Албанците во Тетово

ранција има посебен однос со градот Тетово. Се разговараше за справувањето со предизвиците што ја очекуваат земјата, ценејќи  ја и улогата на АА, со цел да се олесни процесот на интеграцијата, со оглед дека вашата земја веќе го има трасирано патот кон иднината, посочи Баумгартнер. ас/мд/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан