• среда, 03 јули 2024

Таравари предлага продолжено работно време за угостителите во Гостивар

Таравари предлага продолжено работно време за угостителите во Гостивар
Гостивар, 26 јули 2021 (МИА)  - Градоначалникот на општина Гостивар од Советот на Општината ќе бара да се изгласа одлука за продолжено работно време за угостителите. Градоначалникот Арбен Таравари во изјава за МИА го појасни предлогот кој, како што вели, треба да ја закрепне локалната економија и туристичко-угостителскиот сектор. - Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенд наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот , односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот. Законот за угостителска дејност тоа го овозможува и ние сакаме да ја искористиме таа можност и да му помогнеме на овој сектор, кој заради пандемијата претрпе големи загуби, вели Таравари. Тој очекува, неговиот предлог да добие едногласна поддршка од советниците кои, според најавите, в четврток треба да ја одржат последната седница во овој состав. Доколку предлогот добие „зелено светло“ угостителите нема да бидат обврзани да поднесуваат барање за продолжување на работното време, со оглед дека надлежните институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука. Минатата година, локалната самоуправа ги ослободи локалните бизниси од комуналните давачки за да ги ублажи последиците од кризата во која влегоа заради пандемијата и мерките за заштита. згм/мд/

Остани поврзан