• сабота, 22 февруари 2025

Таравари најави разрешување на уште директори на ЈЗУ, засега сменети на „Козле“ и на гостиварската болница

Таравари најави разрешување на уште директори на ЈЗУ, засега сменети на „Козле“ и на гостиварската болница

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа.

- Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

Министерството за здравство на 4 февруари информираше дека е сменета директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата - „Козле“.

- Министерството за здравство информира дека за нова директорка на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата - „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка, д-р Каролина Симоновска, беше наведено во соопштението. бд/аа/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан