• петок, 15 ноември 2024

Таравари во обиколка на полициските пунктови во Гостивар

Таравари во обиколка на полициските пунктови во Гостивар
Гостивар, 1 април 2020 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари со соработниците синоќа направи обиколка на пункотвите што го контролираат движењето по 21 часот. Од полицајците побара доследно да ги спроведуваат мерките за спречување ширење на коронавирусот. Градоначалникот во средбите на полицијаците кои од минатата недела дежураат на осум контролни пунктови им искажа благодарност за посветеноста и совесното извршување на обврските во време на пандемија. Таравари ги обиколи и комуналците кои синоќа спроведуваа мерки за дезинфекција низ градот и околните села, а како што рече, дезинфекцијата на колективните згради ќе продолжи и во наредниве денови. Првиот човек на општината рече дека доколку биде потребно ќе побара поригорозни мерки, бидејќи, како што додаде, во наредниот период се очекува пораст на бројот на заболени и ќе биде потребна поголема заштита. Во Гостиварско поднесени се 20 пријави на лица кои без дозволи се движеле во време на полицискиот час. Основното јавно обвинителство вчера за деветмина гостиварци побара казни од 100 дневни глоби, бидејќи во неделата се возеле со автомобили по 16 часот.згм/бт/

Остани поврзан