• недела, 22 декември 2024

Талески: Го решаваме проблемот на тутунарите, се откупува вишокот произведен тутун

Талески: Го решаваме проблемот на тутунарите, се откупува вишокот произведен тутун
Скопје, 20 март 2021 
Владата предводена СДСМ, покажува и докажува дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза.
Се обврзавме и си стоиме на дадениот збор пред тутунарите, дека ќе им го решиме најгорливиот проблем, а тоа е целосен откуп на вишокот произведен тутун.
Во таа насока, на вчерашната седница Владата донесе заклучок, со кој му укажува на Тутунскиот комбинат Прилеп да откупи дополнителни 700 тони тутун од вишокот од годишната реколта.
Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво, ќе иницира итна постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп, а средствата ќе бидат обезбедни преку Ковид програмата.
Дополнително, околу 600 тони од годинешниот вишок на произведен тутун ќе бидат преземени од другите откупни компании во државата.
Дека водиме максимална грижа за маката на секој тутунопроизводител, кажува и фактот дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево, за откуп на предвидените 455 тони, од причини што  оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на тутунот
И додека СДСМ обезбедува конкретна помош за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира процесите во Собранието, го кочи донесувањето на петтиот пакет антикризни мерки, а со тоа ја спречува и исплатата на 6 милиони евра за тутунарите.
Мицкоски и ДПМНЕ прават се’ за помошта да не заврши во рацете на тутунарите.
Наспроти тоа, СДСМ останува на страната на производителите на тутун. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на земјоделците и да ги ублажуваме економските последици кои ги наметна пандемијата. Миле Талески, пратеник на СДСМ
______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
https://www.youtube.com/watch?v=9Dt0NXoOCrs

Остани поврзан