Тактичко показни вежби и спортски активности во Градскиот парк по повод 8 Септември – Денот на независноста
- По повод 8 Септември - Денот на независноста во Градскиот парк во Скопје се одржуваат тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Скопје, 8 септември 2023 (МИА) – По повод 8 Септември - Денот на независноста во Градскиот парк во Скопје се одржуваат тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Предвидена е и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо).
На манифестацијата којашто се одржа во Градскиот парк во Скопје, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Под слоганот „Гласник на слободата“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на повеќе локации во државава се чествува големиот државен празник Денот на независноста - 8 Септември. аа/дма/
Фото: МИА