Таквондистот Георгиевски утре настапува на елитниот Президент Куп Г3
- Најуспешниот македонски таеквондист Дејан Георгиевски утре во Софија ќе настапи на еден од најсилните турнири во светот во олимписко таеквондо Президент Куп Г3.
Скопје, 17 мај 2025 (МИА) – Најуспешниот македонски таеквондист Дејан Георгиевски утре во Софија ќе настапи на еден од најсилните турнири во светот во олимписко таеквондо Президент Куп Г3.
Георгиевски, кој на Игрите во Токио во 2021 година го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми, ќе се обиде на турнирот во Софија со медал да ги продолжи успешните настапи и да обезбеди олимписка норма, трета откако Македонија е независна држава.
Противник на Георгиевски во првото коло ќе биде Шпанецот Бјелоус Ерик.
Г3 Президент куп ја собира целата олимписка елита и овој силен турнир носи значително многу бодови за обезбедување олимписка норма.ег
ФОТО: Фејсбук