• понеделник, 23 декември 2024

Таеквондистот Георгиевски вечерва во борба за златниот медал на Европските игри

Таеквондистот Георгиевски вечерва во борба за златниот медал на Европските игри

Краков, 26 јуни 2023 (МИА) – Теквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој освои медал на Европските игри во Краков, откако денеска избори пласман во финалето во категоријата над 87 килограми.

Противник на Георгиевски во борбата за златниот медал ќе биде Британецот Луис Канингам. Финалето е закажано со почеток во 19:45 часот.

Георгиевски, кој е носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во првото коло на Европските игри 2023 го совлада Матиа Молин од Италија со 2-0, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1, а со идентичен резултат во рунди триумфираше во полуфиналето над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.

На Европските игри во Полска настапуваат 17 македонски спортисти во седум спортови. ег/дма/

Фото: МОК

Остани поврзан