• недела, 19 мај 2024

„Тагес Анцајгер“: Германија сака да купи 96 тенкови „Леопард 1“ и да ги испрати во Киев

„Тагес Анцајгер“: Германија сака да купи 96 тенкови „Леопард 1“ и да ги испрати во Киев

Цирих, 5 март 2023 (МИА) - Покрај тенковите „Леопард 2“, германската воена компанија „Рајнметал“ сака да купи 96 тенкови од типот „Леопард 1“ од швајцарската компанија „Руаг“ и да ги испрати во Украина, објави швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“.

Во договорот се вклучени користени и неоперативни тенкови „Леопард 1“, кои „Руаг“ ги купи во Италија во 2016 година.

„Рајнметал сакаше да ги купи тенковите и стави до знаење дека ќе бидат испорачани во Украина по ремонтот“, изјави портпаролот на „Руаг“ за „Тагес-Анцајгер“. рп/

Остани поврзан