Табаковски и Велески со солиден настап на неодмнешното ЕП во шах за амaтери
- На европското првенство во шах за амaтери (на кое право на настап немаат велемајстори и интернационални мајстори) се одигра во Мали Лошињ, Хрватска, од 25 август до 1 септермври настапија двајца македонски шахисти, ФМ Роберт Велески од Прилеп (категорија U2300) и Дино Табаковски (категорија U2000).
Мали Лошињ, 3 септември 2024 (МИА) - На европското првенство во шах за амaтери (на кое право на настап немаат велемајстори и интернационални мајстори) се одигра во Мали Лошињ, Хрватска, од 25 август до 1 септермври настапија двајца македонски шахисти, ФМ Роберт Велески од Прилеп (категорија U2300) и Дино Табаковски (категорија U2000).
На официјалниот сајт Chess-results.com се објавени резултатите во трите натпреварувачки категории, за играчи со рејтинг до 2300 поени (U2300), за играчи со рејтинг до 2000 поени (U2000) и за играчи со рејтинг до 1700 поени (U1700).
ФМ Роберт Велески го заврши турнирот со 5 поени од 9 партии, рангиран на 7 место, при што претрпе два пораза во последните две кола кои му го расипаа високиот пласман и шансите за медал.
Дино Табаковски како младинец од школата на ШК Алкалоид пред две години го освои второто место во категоријата U1700 меѓу 80 играчи, а овој пат во повисоката категорија U2000 меѓу 40 играчи влезе со рејтинг како 15 носител. На крајот освои 5,5 поени и беше на делба на седмото место, а според тај-брејк критериумите е рангиран на 8 место. Дополнително, освои 21 поен за ФИДЕ рејтинг листата. дс
Фото: МИА