• петок, 15 ноември 2024

С. Македонија го заврши настапот на Европското ракометно првенство

С. Македонија го заврши настапот на Европското ракометно првенство
Виена, 14 јануари 2020 (МИА) - Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од 32-28 (18-12) од домаќинот Австрија во „Штадхале“ арена во 3. коло од Европското првенство и со тоа го заврши настапот на континенталното натпреварување. Австријците одиграа солиден натпревар и ја казнуваа секоја грешка на тимот на Данило Брестовац. Бевме воигра до 13-тата минута кога губевме со 7-6, по што следеше серија од Австрија како и одлични одбрани на домашниот голман Томас Ајхбергер, па такана полувремето заминавме со -6 (18-12). Лошата игра продолжи во вториот дел, а по неколкуте грешки и реализирани контри од Австријците, веќе на семафорот стоеше 24-13 - разлика која до крајот успеавме само да ја намалиме. Двајцата селектори во последните минути им дадоа шанса на оние со помала минутажа, па поразот и неизгледа толку голем на крајот - 32-28. Најдобар стрелец во нашиот состав беше Стоилов со пет гола, додека кај Австрија Билик даде шест гола.

Остани поврзан