• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови

СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови

Битола, 16 април 2025 (МИА) - СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови кои со соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се објавени на 14 април овој месец.

Во соопштение за јавност, СФЕРА Интернешнал-Битола повикуваат за воздржаност од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на како што посочуваат, угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој.

Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност. Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи. Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници. Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди.

Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, од СФЕРА Интернешнал  посочуваат дека нема да изнесуваат дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции. мт/

Фото: СФЕРА Интернешнал Битола

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан