• четврток, 21 ноември 2024

Сурои: Србија политички го легитимира нападот во Бањска, обвинението е подигнато во соработка со САД и ЕУЛЕКС

Сурои: Србија политички го легитимира нападот во Бањска, обвинението е подигнато во соработка со САД и ЕУЛЕКС

Приштина, 14 септември 2024 (МИА) – Косовскиот публицист и политички аналитичар, Ветон Сурои вели дека обвинението што Специјалното обвинителство на Косово го подигна во врска со терористичкиот напад од 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан, во северно Косово, има големо значење за идните политички и правни процеси, јави дописникот на МИА од Приштина.

Сурои во изјава за косовската јавна телевизија го нагласи значењето на фактот дека обвинението е поведено во соработка со САД и Мисијата на Европска Унија за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС.

- Значи, факт е дека имаме работа со обвинение кое е изградено според информации дадени од земјите партнери. Ова не само што го зајакнува обвинението како такво, туку покажува чин на соработка, а кое понатаму има многу големо значење во политичките и правните процеси, рече Сурои.

Според него, Србија го легитимирала терористичкиот напад во Бањска.

- Проблемот на Србија е што Србија го легитимира, прашањето за легализирање на ова дејство е работа што ќе се докаже на суд, но дека е политички легитимирано ова дејство, тоа го видовме уште од првиот ден, кога беше прогласен денот на жалост во Србија за тројцата членови на паравоената групација, нагласи Сурои.

Специјалното обвинителство на Косово на 11 септември, поднесе обвинение против 45 лица од српска националност за терористичкиот напад во септември минатата година во Бањска, во кој беше убиен припадникот на косовската полиција, Африм Буњаку, а во судирот што уследи загинаа и тројца од напаѓачите. Одговорноста за нападот ја презеде поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, за кого се верува дека, заедно со другите припадници на терористичката група, е засолнет во Србија. иа/ми/

Остани поврзан