• понеделник, 23 декември 2024

Суд Кавадарци: Собрание на доверители донесе одлуки за продажба на подвижен имот од стечајна маса на поранешно ,,Фени"

Суд Кавадарци: Собрание на доверители донесе одлуки за продажба на подвижен имот од стечајна маса на поранешно ,,Фени

Кавадарци, 22 ноември 2024 (МИА) - Собрание на доверители донесе одлуки за продажба на подвижен имот од стечајна маса на поранешно ,,Фени", оваа информација денеска ја потврдија од Основен суд Кавадарци за МИА. 

- На седницата одржана вчера во рамките на отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Еуроникел индустри ДОО с. Возарци Кавадарци - во стечај, присуствуваа доверители со утврдени и признати побарувања во износ од 58.414 проценти, информираа од Судот.

На дневен ред биле неколку точки, за продажба на имот од стечајната маса, меѓу кој и резервни делови, разна руда од Брег на Слонова коска, Албанија, Гватемала, цврсти горива како лигнит од Индонезија, Колубара, камен јаглен од Русија. За некои од пакетите за продажба, немало заинтересирани за понудите. Била спроведена електронска аукција.

Се прифатила понуда за купување на инвентар и лабораторија со проценета вредност од 14.143.567,00 денари, а со понуда во износ од 8.305.200,00 денари или 58,72 отсто од проценетата вредност. Се прифатила и таа понуда за продажба на магацински простор со проценета вредност од 43.492.742,00 денари а со понуда во износ од 13.534.400,00 денари или 31,11 отсто од проценетата вредност. На седницата биле прифатени и понудите за продажба на магацински простор со  резервни делови,со проценета  вредност од 371.852.869,00 денари а со понуда во износ од 75.669.600,00 денари или 20,34 проценти од проценетата вредност, како и таа за разна руда со проценета  вредност од 16.513.455,00 денари а со понуда во износ од 11.300.000,00 денари или 68,42 проценти од проценетата вредност и таа за цврсти горива со проценета  вредност од 11.484.450,00 денари а со понуда во износ од 7.900.000,00 денари или 68,78 отсто од проценетата вредност.
 
- Согласно одредбата од чл.49 од Законот за стечај,  доверителите имаат право да предложат укинување на одлука донесена од Собрание на доверители и тоа во рок од осум дена, посочија од Судот. 

Од Судот потсетија дека седницата ја следеа и доверители што имаат свои утврдени побарувања, меѓу кои и транспортерите на руда. 

Вчера протестираа транспортери кои своевремено возеа руда за комбинатот, барајќи над два милиона евра за транспортот и изразувајќи незадоволство што, како што рекоа, имот проценет за над десет милиони евра, се огласил за продажба за околу 2.3 милиона евра. свд/дма/


Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан