• среда, 20 ноември 2024

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Скопје, 13 март 2024 (МИА) — Судскиот совет на денешната 481 седница поради исполнување на услови за старосна пензија донесе одлука за престанок на мандатот на судијката на Управен суд Дрита Мехмети и судијата на Основен кривичен суд Јане Тапанџиевски.

Одлуката за престанок на мандатите на Мехмети и Тапанџиевски заклучно 13.3.2024 година ја донесе едногласно.

Советот на денешната седница расправа и за донесување на Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места на X-та генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, додека на дневен ред е и постапувањето по приговор  поднесен против решенија на Судскиот совет на Република Северна Македoнија  за престанок на судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос, Мери Радевска. ра/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан