• петок, 22 ноември 2024

Судот во Камбоџа го осуди лидерот на опозицијата на 27 години затвор

Судот во Камбоџа го осуди лидерот на опозицијата на 27 години затвор
Пном Пен, 3 март 2023 (МИА) - Судот во Камбоџа денеска го осуди лидерот на опозицијата Кем Сока на 27 години затвор.

Опозицискиот лидер, кој беше осуден за предавство во судскиот процес за кој групите за човекови права велат дека бил политички мотивиран, ги отфрли сите обвиненија.

„Кем Сока беше осуден на 27 години затвор за договарање со странци во Камбоџа и на други места“, рече судијата на судењето во Пном Пен.

Сока (69) беше уапсен во 2017 година под обвинение дека се обидел да ја собори владата на премиерот Хун Сен, кој е на власт од 1985 година.

Неговата партија, Партијата за национален спас на Камбоџа, која оттогаш беше распуштена, ги отфрли обвинувањата за предавство нарекувајќи ги како политички мотивирани. паг/

 

 
 

Остани поврзан