• четврток, 26 март 2026

Судијата за врски на Франција за балканскиот регион Сирил Лакомб во посета на Јавното обвинителство

Судијата за врски на Франција за балканскиот регион Сирил Лакомб во посета на Јавното обвинителство

Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.

Како што информира Јавното обвинителство, тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во Обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.

Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.

Јавниот обвинител Коцевски, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство. мч/вг/

фото: ЈОРСМ

Остани поврзан