Судир на две патнички возила кај селото Длабочица, сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка-Деве Баир во прекин
- Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин.

Крива Паланка, 18 јануари 2021 (МИА) - Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка - Деве Баир е во прекин од 20:30 минути.
Оттаму засега потврдија дека станува збор за две патнички возила, а увидот од страна на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐуште трае.
Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска најави детали за несреќата по завршувањето на увидот. ид/бак/