• недела, 22 декември 2024

Судири мегу полицијата и противниците на здравствениот пасош на Елисејските полиња

Судири мегу полицијата и противниците на здравствениот пасош на Елисејските полиња

Париз, 24 јули 2021 (МИА) - Над 160.000 лица демонстрираа во Франција против новите здравстени мерки, од кои околу 11. 000 во Париз.  Полицијата вечерва успеа да ја врати контролата кај Елисејските полиња, додека демонстрантите им викаа: „ова го правиме за вашите деца“; „Направете државен удар, момци!“, јави дописникот на МИА.

Според процените на Министерството за внатрешни работи денеска демонстрираа 161. 000 демонстранти во Франција, наспроти 114. 000 минатата недела. Од друга страна, тие биле помалубројни во Париз: 11. 000, наспроти 18. 000 на 17 јули.

. Извор на дебата и предмет на бројни измени и дополнувања од Националното собрание, презентирање на здравствена потврда (целосна вакцинација или неодамнешен тест)

Инаку, најважните собири се одржаа во Париз, но исто така и на југот на Франција, во Марсеј, Ница и Монпелје. Вкупно, Министерството за внатрешни работи забележа 168 демонстрации на кои најчесто можеше да се слушнат извиците „За слобода“ и „Против здравствената диктатура, против проширувањето на здравствениот пасош и задолжителното вакцинација против Ковид-19 за одредени професии.

Многу големо мнозинство Французи (76 отсто) сепак ја одобруваат одлуката на претседателот, Емануел Макрон, да ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници и другите професии, со казни. Проширувањето на здравствениот пасош (целосна вакцинација или неодамнешен негативен тест) добива мнозинско одобрување, но нивниот процент варира во зависност од засегнатите места.

-Ќе поминевме и без здравствениот пасош ако контекстот беше поинаков, рече министерот за здравство, Оливие Веран, додавајќи дека ќе му стави крај на ова што е можно побрзо.

„Кога 90 или 95 отсто од населението ќе бидат вакцинирани ќе имаме 300 случаи дневно, место сегашните 20. 000. Ќе живееме со Ковид-19 се додека не исчезне самостојно, рече министерот пред Сенатот, во петокот вечерта, објаснувајќи дека моделите „предвидуваат силен бран со кој ќе бидат погодени болниците, што може да биде многу тежок на средина или на крајот на август“.

Во обид да се запре прогресијата на делта варијантата на вирусот, претседателот Емануел Макрон на 12 јули претстави серија мерки, што делумно влегоа во сила во средата. Иако потврдата веќе се бара во културните и забавните простории, мерката треба да се прошири на кафулињата, рестораните и возовите на почетокот на август.

Одредба за новиот текст, моментално разгледувана во Сенатот по усвојувањето на првото читање во Националното собрание, го отвора патот за отпуштање на работници во установи отворени за јавноста кои одбиваат да имаат здравствен пасош-односно целосна вакцинација. Предлог-законот, исто така, предвидува задолжителна вакцинација за негуватели, медицински персонал, пожарникари и професионалци кои работат со стари лица.тг/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан