Судар на три возила на стариот пат од Демир Капија кон Неготино
- Три возила се судриле на стариот пат од Демир Капија кон Неготино, потврди за МИА, Лиза Бендевска, главен советник во Сектор за односи со јавност при МВР.

Неготино, 26 февруари 2023 (МИА) - Три возила се судриле на стариот пат од Демир Капија кон Неготино, потврди за МИА, Лиза Бендевска, главен советник во Сектор за односи со јавност при МВР.
- Станува збор за „тојота“ со неготинска регистрација, „лада“ со велешки регистарски ознаки и „опел“. Полициски екипи се упатени кон местото на сообраќајната несреќа, рече Бендевска.
Таа нагласи дека ова се првични информации и засега нема повеќе детали околу сообраќајката. свд/аа/
Фото: МИА