• недела, 22 декември 2024

Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик

Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик
Перуџа, 22 септември 2020 (МИА) - Испитот за италијански јазик што го полагал напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, со цел да му биде даден италијански пасош, беше анулиран од локалната финансиска полиција. Членот на уругвајската репрезентација успешно го помина тестот во Перуџа, но се покажа дека темите во него и крајната оценка се однапред договорени. - За време на истрагите делегирани од февруари 2020 година на Финансиската полиција во Перуџа поврзани со Универзитетот за странци, откриена е неправилност во испитот за италијански јазик што го спроведе Луис Суарез на 17 септември 2020 година. Од работата на истражителите стана јасно дека темите опфатени со испитот биле претходно договорени со кандидатот, а евалуацијата на неговата изведба била направена пред испитот, иако за време на далечинските часови универзитетските наставници процениле дека имал основно познавање на италијанскиот јазик, напишаа во официјалното соопштение од полицијата и објавија дека собирале документи за случајот. Засега е замрзнато земањето италијански пасош од Суарез, а покрај тоа, напаѓачот е предмет на казна доколку се докаже неговата вина, прецизира „Монитор“. Додека трае истрагата, напаѓачот ги финализира деталите за неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. Тој се покажа како непотребен во Барса по доаѓањето на Роналд Куман, откако се согласи со клубот да го раскине договорот. Во неговиот нов клуб, напаѓачот ќе добие годишна плата од 9 милиони евра, колку што добиваше на „Камп Ноу“.

Тагови

Остани поврзан