• вторник, 14 мај 2024

Суарез е блиску до трансфер во Интер Мајами

Суарез е блиску до трансфер во Интер Мајами

Порто Алегре, 2 ноември 2023 (МИА) - Луис Суарез би можел повторно да се обедини со Лионел Меси во истиот тим. Уругвајскиот напаѓач е блиску до преселба во Интер Мајами, пренесува „El Pais“.

Фудбалерот и клубот веќе преговарале преку е-пошта, страните планираат да склучат договор на една година со можност за продолжување на уште една сезона.

Забележано е дека претходните проблеми со коленото на играчот се решаваат - Суарез секојдневно ги поминува потребните процедури, оптоварувањата се контролираат.

Се очекува Уругваецот да одлета за Мајами за да ги финализира последните детали од договорот во декември. Тоа планира да го направи по завршувањето на сезоната со Гремио.

Договорот на 36-годишниот напаѓач со бразилскиот клуб е со важност до крајот на 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан