• петок, 22 ноември 2024

Студенти со еврејско потекло го тужат Универзитетот Харвард за антисемитизам

Студенти со еврејско потекло го тужат Универзитетот Харвард за антисемитизам

Бостон, 11 јануари 2024 (МИА) - Студенти со еврејско потекло го тужеа Универзитетот Харвард во Бостон бидејќи, како што тврдат, дозволува студентскиот кампус да биде „бастион на широко распространетиот антисемитизам“, објавија денеска американските медиуми.

Во тужбата поднесена синоќа во Бостон, во сојузната држава Масачусетс, студентите го обвинија елитниот универзитет Харвард дека „селективно“ ги спроведува своите прописи и избегнува да ги заштити студентите со еврејско потекло од вознемирување, игнорирајќи ги нивните молби и ангажирајќи професори кои поддржуваат антиеврејско насилство и шират антисемитска пропаганда.

Студентите, исто така, ја тужеа поранешната претседателка на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, која поднесе оставка минатата недела откако се соочи со тешки критики поради нејзиниот одговор на антисемитизмот во кампусот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Во тужбата на студентите со еврејско потекло се бара донесување правни мерки, вклучително и забрана за прекршување на федералниот закон за граѓански права, кој забранува дискриминација. Други американски универзитети, вклучително и Универзитетот во Њујорк и Универзитетот во Калифорнија во Беркли, се соочуваат со слични тужби. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан